Здружението “Преродба“ во програмата на Радио Пела:
Подготовките за најголемот, најрадосниот христијански празник, Велигден, кога обновувањето на живот и природата е највежен, (особено во вакви моменти на пандемија и социјална изолација) започнуваат, од утре, на Велики Четврток. Утре рано наутро домаќинките , по обичај, ќе ги вапсаат првите велигденски јајца.
И, покрај социјалната изолираност, женското здружение “Преродба“ – Прилеп, продолжува да ја почитува и негува традицијата и обичаите. Преку социјалните мрежи, Лилјана Ацеска од Здружението на жени “Преродба“, ни раскажа , како се подготвуваат велигденските црвени јајца и која е чудесната моќ на првото вапсано јајце . Првите три се вапсуваат на Велики четврток пред изгрејсонце за да не ги види сонцето и затоа, според верувањата, не се расипуваат со години, вели таа.
„На Велики Четврток , рано наутро се вапсуваат три јајца. Првото е за Господ, Второто е за домаќинот на семејството , третото за бериќет и за стоката. Или , пак, се вапсува само едно јајце , и тоа е т.н Господовото јајце. Тоа треба да биде вапсано пред изгрејсонце . Утрото, кога ќе станат децата, со тоа јајце се поминуваат по лицето и се изговара “ Црвено, бело, дебело’ (Тоа се симболиката на здравје! – Човек да биде со убава црвени образите, со бело чисто лице и да има храна).
На тоа, прво вапсано јаце, местото му е пред куќната икона . Ја симболизира крвта на Исус Христос, и се смета за лековито јајце . Може да стои со години, и да не се расипи. Тоа не шири непријатна миризба.„- ни раскажува Ацеска
Сепак , и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла, а подготовката на вапсување кај секој домаќинка е различна,вели Лилјана Ацекса со „Преродба„
„ Јас ставам бакам –боја, по традицијата на мојата мајка, к боја предходно е растворена во вода. Јајцата се варата заедно,со бојата, со малку киселина и сол, да не напукнат при варење. Кога ќе се сварат, црвената боја на јајцето е прекрасна. Јајцето додека е топло се премачкува со малку масленце , за да биде сјајно. Јас порано правев јајца во најразлична боја, но денес црвените јајца преовладуваа на мојата Велигденската трпеза„
Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.
Но, покрај велигденските јајца , трпезата за Велигден треба да биде погата со мрсна храна, свеж зеленчук, колачиња и торти.
Велигденските празници Здружението на жени „Преродба“ ги прославувале со богата велигдена трпеза. Секој подготвувал по нешто, од слатки до главни јадења, каде преовладуваат јагнешките специјалитети, карактеристични за овој празник, до најразлични пити , торти , козињаци, со суво грозје и други печива …Дружбите завршувале со убава песна и меѓусебни раскажувања за традицијата, обичаите и семејството. Но, оваа година, одбележувањето на Велигден ќе биде поразличен, вели Лилјана Ацекса
„Во овие моменти најважно е да се седи дома. Да се почитуваат препораките на Владата, на Министерот за здравство , на лекарите Нам ова ни паѓа тешко, бидејќи како здружение сме доста активни. Но, секојдневно се слушаме со членките, разговараме, разменуваме искуства, иако заедничката дружба ни недостига многу . Но, сега, ги правиме нештата кои, поради секојдневните активности, не сме можеле да ги направиме, раземниуваме рецепти, се договараме за нови активности, после ова. Но, најважно , сега е, да сме здрави и живи , и сите на број, а тие што се болни побрзо да оздрават !„
Инаку, за време на овие Велигденските празници , граѓание според меките на Владата за ограничувања на движењето, ќе останат дома , од петок, до вторник , а од утре забрането е движење и во паркови, и шуми!