0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Конгресот во Смилево 1903 та го означи Денот на македонската полиција

Смилевскиот конгрес кој се одржал од 2 до 7 мај 1903 година, и масовната организација на месното население за заштита на учесниците на конгресот, бил настанот, според кој што, денес – 7 Мај се слави како Ден на македонската полиција.

Овој датум е избран за Ден на македонската полиција 90 години подоцна,  на 20 април 1993 година, со одлука на Владата на Република Македонија, на тогашниот премиер Никола Кљусев, наместо дотогашниот 13 ти мај.

Имено, за Смилевскиот конгрес на ТМРО, најголемиот број од делегатите веќе на 30 април се собрале во демирхисарското село Смилево. Жителите на родното Смилево на Даме Груев ја сфатиле честа, како и одговорноста од престојот на такво мноштво на револуционерни првенци во нивното село.
Затоа месното раководно тело, на чело претседателот Георги Чуранов, го мобилизирал целото село и на сите мажи и жени им доверил соодветни задачи.
Дел од месната вооружена сила, деноноќно ја вардела целата околина, а стотина души вооружени смилевци биле на нозе внатре во селото.
Одделенија од по три-четири комити биле поставени по сите соседни села на Смилево. Невидливи стражари од сите села меѓу Смилево и Битола деноноќно внимавале, формирајќи жив телеграф за предавање на било какво сомнително движење откај вилаетскиот центар.
Токму затоа 7 мај е избран  како Ден на македонската полиција, во чест на настанот од 1903 година и зачетокот на организирана безбедност на населението и делегатите на Конгресот.

 

Би можело да ве интересира

Филмот „Бизнисот на задоволството“ од утре ќе се прикажува во Прилеп

Пела Редакција

Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп го промовираше ајкос и во Македонија

Гордана Цветаноска

Утре движење низ Прилеп само со маски

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе