Во рамките на инфраструктурните зафати, општинските власти активно работата во населбата Точила.

„Се изведува најголемиот инфраструктурен проект, во смисла на рехабилитација и реконструкција на улици. Се работи на улиците „Самоилова“ и „Војводинска“, на кои ќе биде поставен асфалт во вкупна должина од 2.100 м. или на површина од околу 13.000 м2. Во непосредна близина се наоѓаат и „К„ зградите, за кои е во тек изработка на проектот за уредување на просторот околу нив. Истовремено, сакам да напоменам дека во моментот се врши инфраструктурен зафат за поврзување со водоводна и канализациона линија на делот од населбата Точила, каде ќе се градат новата детска градинка и покриениот базен. Во тек е изработката на Основниот проект, во текот на летото ќе бидат распишани тендерите за овие два капитални објекта, а наесен ќе започне нивната изградба“, изјави градоначалникот, Илија Јованоски
![]()
Градоначалникот Јованоски нагласи дека со овие капитални инвестиции, се заокружува изградбата на целокупната инфраструктура во населбата Точила, со што овој дел од Прилеп ќе добие целосно нов лик.

