По седницата на Советот за безбедност, денеска, претседателот Стево Пендаровски соопшти, дека ќе потпише нова – трета одлука за прогласување вонредна состојба, која што овој пат таа ќе трае 14 дена, или до 30 мај.
Продолжувањето на вонредната состојба, според Пендаровски, е само поради економските импликации од корона-кризата, додека за изборите ќе се разговара на нова лидерска средба следната седмица. Тој нагласи дека има најави за потпишување аранжман со ЕБРД и дека тоа е една од основните причини поради која се продолжува вонредната состојба, како и поради потребата да се донесат уредби со законска сила, во ситуација кога парламентот не заседава.
Втората одлука на Пендаровски за вонредна состојба во земјава истекува утре. Пред почетокот на седницата на Советот за безбедност, Владата достави до Пендаровски нов предлог за прогласување вонредна состојба, повторно во траење од 30 дена, но претседателот донесе одлука за двојно покус рок.
претходна вест