12.1 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Трет сет економски мерки за помош на стопанството и поттик на домашната потрошувачка

Помош за економијата и директна финансиска поддршка на граѓаните и на стопанството, со сет мерки чија што вкупна вредност изнесува 355 милиони евра, ова денеска го најави премиерот Оливер Спасовски со презентација на третиот сет економски мерки, кој што треба да стартува од почетокот на наредната недела.

Што ќе опфати третиот сет мерки во стопанството?
Бескаматни кредити ќе се овозможат за фирми преку развојна банка од 31 милиони евра за поддршка на жени, млади и дигитализација на бизнисот, како и грантови и неповратни средства за компании кои се водени од жени или вработуваат млади лица, кои се извозно ориентирани или воведуват иновација и дигитализација. Планирани се средства и за стартапи и тоа 125 милиони евра за извозно ориентирани компании, како и гаранција за обезбедување на царински долг. Додека пак 25 милиони евра ќе бидат одвоени за приватен сектор за нови пазар, конкурентност и модернизација.
За воведување на дигитална платформа за нови пазари за текстилните фирми ќе се издвојат 1 милиони евра, како и 1,6 милиони евра за иновативни продукти и за трансформирање на етно селото во Нерези во македонско стартап село. Ќе се кофинансираат настани и конференции со 50 проценти или најмногу до 30 илјади денари. За оваа намена ќе бидат издвоени 245 илјади евра.
За помош на земјоделците ќе се издвојат 76,1 милиони евра. Додека пак за вработените на Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје, Центрите за јавно здравје и членови на тимови на итна помош ќе добијат 20 отсто повисока плата за 2 месеци преку домашна платежна картица.

Со ваучери ќе се поттикнува домашната потрошувачка
Во новиот пакет ќе се издвојуваат средства од 16 милиони евра за платежни картички за околу 100 илјади граѓани, со вредност од 9 000 денари за купување македонски производи. Картички ќе може да добијат сите невработени лица или оние кои имаат под 15 илјади месечни примања, како и примателите на гарантирана минимална помош.
Предвидени се ваучери за домашен туризам од 6000 денари и домашна платежна картичка од 3000 денари. Со оваа мерка се опфатени сите вработени со нето плата помала од 15 илјади денари кои немаат други приходи. Парична поддршка ќе има и за млади до 6000 денари за кофинасирање за обуки или за партиципација на универзитет или сместување во студентски домови. Потоа и ваучери од 30 илјади денари за кофинасирање на обуки, тренинзи за вештини и знаења од информатичка техонологија кои ќе им овозможат брзо вработување. Ќе бидат опфатени исто така 100 илјади млади, а ќе бидат издвоени 12 милиони евра. Паричен надоместок ќе добиваат и сите граѓани кои загубиле работа од 11 март до 30 април.

Со овој трет пакет вкупната помош досега изнесува 550 милиони евра или 5,5 проценти од БДП.

Би можело да ве интересира

Вработените во Еурокомпозит повторно на протест

Гордана Цветаноска

За прилепски „Еурокомпозит“, дадени насоки за продажба или реструктуирање

Елизабета Филипоска

Витаминка на саемско претставување на Ануга 2023 во Германија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе