10 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Општина Прилеп ги исплати субвенциите за клима уреди и велосипеди

Средствата за финансиска поддршка за набавени инвертор клими и велосипеди, се веќе на сметките на граѓаните кои ги исполниле условите пропишани со јавниот повик на Општина Прилеп. Над 600 семејства ќе добијат до 50% од вредноста на купениот клима уред-инвертер, но не повеќе од 10.000 денари во нето износ по лице/ домаќинство, и до 50% од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 5.000 денари во нето износ по лице/домаќинство. За субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување клима уред-инвертори, поднесени биле 335 барања, од кои одобрени се 307. Додека, за субвенционирање на набавка на велосипеди, пристигнале 315 барања, од кои одобрени се 305.

 

– Причина за неприфаќање на 28 апликации за клими и 10 за велосипеди, е неисполнување на критериумите и условите од јавниот повик и Правилникот за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на клима уреди и велосипеди.
Со издвоените 4.500.000 денари од буџетот на општината, директно придонесовме за заштеда на средства од семејниот буџет на 612 семејства од нашата општина.
Покрај финансиските придобивки за граѓаните, со издвоените буџетски средства придонесуваме за поткревање на јавната еколошка свест и совест, како и за заштита на животната средина во нашата општина, истакна на прес конференција градоначалникот Илија Јованоски.

Општината, под одлуката на Советот, објави јавен повик на почетокот на март кој што траеше до крајот на месецот. Јавниот повик се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“. Минатата недела комисија на општината, како што беше и предвидено со јавниот повик, ги направи контролите со посета на домовите кои аплицирале за субвенции.

Би можело да ве интересира

„На секое дете му треба семејство“ кампања на УНИЦЕФ и во Прилеп

Гордана Цветаноска

(Видео) Актер доби скршеница на нос поради што опоменал да се носат заштитни маски во маркет

Елизабета Филипоска

Екстремно високи температури оваа недела со УВ зрачење 9/10

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе