Улицата „Тодор Проески„ во Крушево која се најдува во центарот на градот се разубавува.
Деновие тука се засадија украсни дрвца со што општината ја спроведе првата фаза од уредување на дел од оваа улицата, кое го носи името на мега музичката ѕвезда Тоше Проески , во знак на негово вечно сеќавање како човек кој ќе остане вечно врежан во срцата на сите кои ја сакаа неговата музика, но најмногу во срцата на Крушевчани, кои се горди што Тоше беше нивни сограѓанин.
Членките на здруженијата од платформата за развој на туризмот деновиве ја започнаа активноста и ќе продолжaт со засадување и на цвеќиња, а општина Крушево започна со инсталација на систем за озвучување, од кој 24 часа ќе се слушаат песните на Тоше Проески. Потег за поздравуање!
„Оваа улица сакаме да ја разубавиме и да ја направиме улицата на Тоше. Се наоѓа во центарот на градот и ќе биде разубавена и атрактивна за посетителите на нашиот град. Сакам да се заблагодарам на сите волонтери, а особено не членките на здруженијата Центар за хумани односи, Крушевска жена и Здружение за туризам и угостителство за нивниот придонес во уредувањето на улицата“, соопшти градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.
Инаку, на Балканот неколку градови имаат именувано улица која го носи името на македонската музичка икона, Тоше Проески: во с.Јабука во Панчево (Србија) каде живеат голем број македонски семејста ,имнувана е улица “Тоше Проески„ , во Сараево (Босна и Херцеговина), во Скопје , во нас. “Лисиче“, а иницијатива постоеше и за именување на улица во Загреб (Хрватска) .