16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Започна изградбата на резервоар за вода во Белушино

Жителите на крушевското село Белушино ќе добијат резервоар за вода, со што ќе се реши долгогодишниот проблем на населението. Проектот треба да обезбеди доволно вода за ова населено место и да ги реши сите проблеми со водоснабдувањето.
-Резервоарот во Белушино е ветуван со децении, но еве дури денес се реализира и за скоро проблемот ќе биде надминат. Се заблагодарувам на сограѓаните од ова село за нивното трпение. Конечно нивните барање се реализираат, вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Изградбата на резервоарот за вода чини 2 601 900 денари. Проектот се имплементира во рамки на програмата за работа на Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

По пад од велосипед двајца малолетници повредени во Прилеп

Претседателот Пендаровски : Прогласувам вонредна состојба во наредните 30 дена (ВИДЕО)

Избрани нови членови во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе