26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Избрани нови членови во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија

Одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина ЕЛС Општина Прилеп за 2025 година, беше дискутирана како прва точка на 4-та седница на Советот на Општина Прилеп.

На денешната седница советниците со мнозинство на гласови ги избраа предложените членови во управните и надзорните одбори на јавните комунални претпријатија: ЈКП,, Водовод и канализација“-Прилеп, ЈКП,, Пазари“-Прилеп, ЈКП „Комуналец“-Прилеп, ЈП за ПУП-Прилеп, Јавно претпријатие за енергетски дејности „Енерго-Прилеп“ Прилеп и на ЈСП „Прилеп“ Прилеп, а беа именувани и членови – претставници на основачот во Управниот одбор на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ – Прилеп. Ова точки предизвикаа низа дискусии, прекин на седницата во неколку наврати и барање на правни аргументи за начинот и законската одредба за избор на предложените лица. Сепак на крајот точките беа уловени со мнозинството гласови.

Воедно, советниците денска ги разгледаа и усвоија предлог-решенијата за именување на претставници на Општина Прилеп во училишните одбор во три основните и три средни училишта.

На барање на здружението „Прилеп Фиш Прилеп“ советниците дадоа согласност за користење на името „Прилеп“, а утврдија висината на цената на превозот на учениците во општинските основни и средни училишта за релациите каде нема обезбедено линиски превоз, за учебната 2025/2026 година. и едногласно ја усвоија програмата за утврдување на критериумите и стандардите за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Прилеп и одлуката за донесување на урбанистички проект со план за парцелација за ГП 279, 280, 281, 282, 285, 286, 287, 288, од ДУП за УАЕ бр. 11-дел, КО Прилеп, Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Македонија и Балканот се сеќаваат и вечно тагуваат: 16 години без Тоше Проески

Пела Редакција

Успешна акцијата „Генералка викенд“ во Прилеп

Над 30 здруженија на средба во Велес, се планираат програмите за развој

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе