-0.9 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Фудбал: само македонските прволигаши продолжуваат со првенството, без испаѓање

Комисијата за натпреварување при ФФМ, донела предлог одлуки за продолжување на прекинатата натпреварувачката сезона Прва лига, првенството да продолжи во текот на летниот период, ама со нов систем, без испаѓање.
Според најавите, првенството ќе треба да продолжи во периодот од 14 до 21 јуни, а ќе се игра по скратен систем.
Тоа значи доигрување на преостанатите 4.коло од третиот круг, по што првопласираните шест екипи ќе преминат на одигрување односно плеј-оф кој предвидува дополнителни пет натпревари.
Конечниот пласман на табелата по плеј-офот ќе ги промовира првопласираните три екипи во наши претставници во европските купови за следната сезона, на кои ќе им се приклучи и освојувачот на Купот на Македонија.

-Одигрување на четирите преостанати кола од третиот круг, а потоа преминување на одигрување на плеј – оф (првите шест екипи по завршување на третиот круг). Првопласираните три екипи по крајот од плеј-офот се стекнуваат со право на учество во УЕФА европските натпреварувања. Плеј-аут (последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) БЕЗ ИСПАЃАЊЕ на последните две екипи по крајот од плеј-аут фазата. Одигрување на Купот на Македонија со еден полуфинален натпревар и финален натпревар. Победникот од Купот на Македонија обезбедува пласман во УЕФА европските натпреварувања, “ се вели во соопштението од Фудбалската федерација на Македонија.

Сите натпревари ќе се играат без присуство на гледачи на стадионите, а ќе биде ограничен и бројот на присутни лица кои ќе бидат дел од организацијата на натпреварите.

Одлуката на ФФМ е донесена по консултации со клубовите. Во текот на минатата недела беа одржани два вакви состаноци во просториите на ФФМ по кои 6 клуба го прифатија сценариот број 2 за продолжување на лигата додека 4 екипи беа за прекин на шампионатот.
Во Македонија сезоната беше стопирана на 12 март! ФФМ и УО дополнително ќе одлучат дали елитното друштво ќе биде проширено за 12 клуба (со Пелистер и Беласица), за следната сезона. Сите други натпреварувања кои се во организација на ФФМ се прекинуваат.

Би можело да ве интересира

Заврши ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“

Гордана Цветаноска

БИТОЛЧАНИ СО 41 ГОЛ ЈА ОТВОРИЈА УНИВЕРЗАЛНA

Македонската ракометна репрезентација патува на Европско, во составот не е Никола Митрески!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе