Третиот пакет на економски мерки, во вредност од 355 милиони евра, со директна финансиска поддршка ќе ја зголеми куповната моќ на 730.000 корисници и ќе им го олесни животот во време на оваа криза. Ефектите од овој нов пакет економски мерки, ќе ги осетат сите граѓани и многу дејности во економијата. Дополнително, ќе се зајакне потрошувачка на домашни производи и ќе се придвижи македонската економија.
Секој треба и секој ќе добие поддршка! – меѓудругото, пренесе во писмено соопштение до јавноста и преку видео запис , Александар Ѓорѓиоски , претседател на ЛК СДММ – Прилеп.