16.4 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Лукароска: Проект „Топташ Скајлајн“ за активен туризам и рекреација

Петра Лукароска, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп од Коалицијата предводена од СДСМ како дел од својата програма промовира изградба на модерен парк на просторот од Шаторов Камен до Топташ

Овде, токму на ова место, ќе никне еден од најубавите проекти во нашиот град, „Топташ Скајлајн“ – новата движечка сила на активниот туризам и рекреацијата. Спој на природата и современите урбани трендови. Модерен парк на просторот од Шаторов Камен до Топташ на површина од 10 хектари и на само неколку минути од градот. Место за рекреација, спорт и забава за сите генерации со целосно изградена инфраструктура: уреден пат, паркинг простор, велосипедска и мотокрос патека, ЛЕД осветлување. Панорамска платформа со неверојатен поглед, кампинг зона, детски игралишта, летниковци, зона за социјални игри, болдеринг, фитнес и јога зони, патека за трчање, зона за тишина. Сето тоа поврзано со интерактивна веб страница, виртуелна тура и ГПС навигација низ патеките. „Топташ Скајлајн“- место на кое природата и современиот живот се надополнуваат, создавајќи нова туристичка атракција, нови работни места и нов симбол за гордост на Прилеп и прилепчани! „Топташ Скајлајн“- место каде природата се среќава со иднината.

Би можело да ве интересира

За пензионерите со ниски пензии повторно бесплатен градски превоз

Пела Редакција

Пачешкоски поставен за генерален извршен директор на Тутунски Комбинат

Крајпатна чешма кај „Че“ неколку други, не одговара за употреба

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе