16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп: Четири нови случаи позитивни на корона, петмина оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на Ковид-19, повторно најмногу во Скопје и тоа 55, додека во Прилеп се регистрирани 4 нови позитивни на корона вирус.
Денеска, Институтот за јавно здравје Скопје регистрира 74 оздравени пациенти и тоа од по градови од Скопје-37, Прилеп-5, Штип-3, Тетово-24, Велес-1, Гостивар-4.

Во Градската општа болница „8 септември“ Скопје починати се четири лица сите од Скопје.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, починати е 251, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012.

Би можело да ве интересира

Првото бебе во Прилеп се роди 5 минути по полноќ

Звукот на моторите ја “раздрмаa“ мото крос арената во Лагово

Помалку тестирани, повеќе заразени, во Прилеп нови 5 случаи позитивни на корона

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе