2.1 C
Прилеп
четврток, 21 ноември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп денеска нема новозаболени од Ковид 19

Во општина Прилеп денеска нема новозаболени од коронавирус, а четворица оздравеле од заразната болест информираат од Центарот за јавно здравје
Бројот на активни случаи изнесува 51, од кои 41 се наоаѓаат на домашно, а 10 на болничко лекување;
Вкупниот број на инфицирани лица од почетокот на пандемијата во општина Прилеп изнесува 281, а како последица од коронавирусот починале 20 лица.
Дополнително, од Центарот за јавно здравје Прилеп, институција која го покрива поширокиот регион, информираат дека од почетокот на пандемијата во општина Крушево регистрирани се 7 случаи на КОВИД-19. Бројот на активни случаи изнесува 3, од кои двајца се наоѓаат на домашно и еден на болничко лекување, а две лица починале.
Во општина Македонски Брод, 6 лица се позитивни на коронавирус. Во моментов има 3 активни случаи, од нив двајца се на домашно а еден на болничко лекување.

Би можело да ве интересира

Итен апел за одбрана на манастирот Св.Никола во с. Прилепец

Пела Редакција

„Хорор„ таков е патот кој ги поврзува с.Галичани – с.Лагово

Елизабета Филипоска

ЈКП Комуналец во контиунирана акција за расчистување на дивите депонии

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе