28.3 C
Прилеп
петок, 3 јули, 2026
Пела Радио

УХМР: Дожд, ветер и невреме до крајот на продолжениот викенд

Времето утре,среда, променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h, соопшти УХМР.

За Прилеп, во текот на денешниот ден врнежливо и постудено, со максимална температура од само 15 степени целзиусови.

Утре, среда, и четврток, врнежите ќе престанат и се очекува мирно и пријатно време со максимални температури до 21 степен.

Во четврток во Македонија ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Кон крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со локален пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 70 km/h), краткотрајно во форма на невреме.

 

Би можело да ве интересира

Прилеп доби уште една детска градинка

Исплата на анти ковид пакетот за тутунарите

„Младите се иднината, а иднината не сакам да е матна“ „Тие би го продале бога, а нив само еден ќе им суди“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе