16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Со 22 фудбалери ФК Победа од денеска ги започнува подготовките на терен

Претпладнево, со прозивка која поради безбедносните протоколи наместо во клупските соблекувални, беше одржана на северната трибина на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, беше означен почетокот на подготовките на фудбалерите на ФК Победа за новото првенство на Втората лига-Исток.

На краткиот состанок в.д. претседателот Миле Спиркоски и шефот на стручниот штаб Дарко Крстески пред 22 присутни фудбалери ги образложија процедурите за тренирање во подготвителниот период, кои предвидуваат придржување на протоколот за спроведување на мерки за заштита од ковид-19 при одржување на тренинзи на клубовите и одигрување фудбалски натпревари доставен од Фудбалската федерација на Македонија.

Попладнево од 18:00 часот на теренот со вештачка трева е планиран и првиот тренинг. До недела е планиран по еден, а од следната недела интензитетот ќе се зголеми на два тренинзи дневно. Според усвоениот календар за новата сезона од страна на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, новата сезона на Втората лига предвидено е да започне на 22 август.

Во подготвителниот период стручниот штаб на Победа планира одигрување на 6-7 контролни натпревари.

Извор: ФК Победа, facebook strana

Би можело да ве интересира

Прилеп се приближува до троцифрен дневен корона биланс!

Гордана Цветаноска

Пријавувањето за вакцинирање може да започне

Елизабета Филипоска

ЛС Прилеп ги повикува граѓаните одговорно да пристапат кон подмирување на данок на имот и комунална такса

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе