7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Земјоделци, внимателно со системите за наводнување во близина на далекуводите!

Прилеп и околните населени места, деновиве, за прв пат се соочија со прекин во снабдувањето со квалитетна електрична енергија, како резултат на испади на 110 киловолтниот далекувод што ја поврзува трафостаницата Прилеп 1 со трафостаницата Битола 1. Причината за испадите, потврдуваат од МЕПСО, била тоа што во близина на далекуводот се поставуваат системи за наводнување и распрскување.Ваквите прекини во снабдувањето со електрична енергија не само што прават штета на системот, туку се опасни по животот на луѓето кои се во близина на далноводите. За таа цел од компанијата апелираат и предупредуваат:

– Сите земјоделци во екот на сезоната за наводнување да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување во близина на далекуводи од преносната мрежа! Не поставувајте прскалки за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа! Допирот на водниот млаз со проводните јажиња освен тоа што ќе го исфрли од погон 110 kV далекувод и ќе предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија може да биде кобен по живот на лице кои се наоѓа под трасата на далекуводот! Никогаш не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далекуводните траси, потенцираше Никола Стојанов, портпарол на МЕПСО во гостувањето во отвореното студио на Радио Пела.

Особено се опасни металните цевки, алуминиум или друг метал, кои што се креваат во височина, вертикално. Имено, посочи Стојанов, металот како проводник на електрична енергија е опасен и претставува огромен ризик по животот.

Би можело да ве интересира

Крушево во знак на Тоше, рози на патеката од маратонците

Гордана Цветаноска

Дојавите за бомби во училиштата се лажни! Се огласи и градоначалникот на Прилеп

Елизабета Филипоска

Велигден во светот…

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе