11.4 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

19 години од масакрот кај Карпалак – чествувањата започнуваат од вечерва

Со положување цвеќе во месноста Карпалак, каде што во 2001 година во заседа загинаа десет прилепски воени резервисти, утре ќе бидат одбележани 19 години од овој  трагичен настан. Чествувањата  започнуваат вечерва, со оддавање почит на бранителите, во прилепската касарна „Мирче Ацев“, каде е подигнат споменик во чест на прилепските бранители, а делегациите ќе положат цвеќе и на споменикот во село Лениште, при што ќе биде посетен и манастирот „Св.Петка“ каде ќе се одржи вечерна богослужба. Утре  пак, во Прилеп и во населените места од 7:30 часот ќе биде положено свежо  цвеќе и ќе им биде оддадена почит на загинатите на нивните вечни почивалишта, а во 10 часот ќе се одржи панихида за загинатите во црквата „Света Петка“ во населба Точила. Во  12 часот е централното чествување пред споменикот „Карпалак“ , во центарот на Прилеп, но составот на делегациите кои ќе им одадат почит на бранителите се во помал број поради пандемијата со КОВИД 19 и почитување на здравствените мерки.

                       ПОТСЕТУВАЊЕ – да не се ЗАБОРАВИ !

Пред 19 години на 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин, кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија.  Притоа загинаа десет прилепски армиски резервисти: капетан Нане Наумоски, поручникот Сашо Китаноски и воените обврзници: Горан Миноски, Ердоган Шабаноски, Љубе Грујоски, Бранко Секулоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски, Веби Рушитоски и Марко Деспотоски. Најмладата жртва во овој масакрот,  беше 21-годишниот Шабаноски, а највозрасен Наумоски, кој загина на 48 годишна возраст.

Нападот во Карпалак беше извршен само четири дена пред потпишувањето на Охридски рамковен договор, со кој беше ставен крај на вооружен конфликт во 2001 година.

Војниците беа убиени додека лидерите на политичките партии и тогашниот претседател, покојниот Борис Трајковски, ги усогласуваа конечните детали од договорот.

Со масакрот беше прекршен веќе постигнатиот договор за генерален прекин на огнот, поради што јавноста беше шокирана. По осознавањето на веста за  масакрот, дел од жителите на Прилеп демолираа неколку продавници во градот во сопственост на Албанци и ја запалија џамијата во центарот на градот која денеска стои како нем сведок на случувањата во 2001 г. и за непроболот на прилепчани за паднатите прилепски бранители.

Би можело да ве интересира

Три претстави на претпоследниот ден од МТФ „Војдан Чернодрински“

Почина Бранка Станковска

Гордана Цветаноска

Општина Крушево го објави тендерот за изградба на спомен обележјето на Тоше

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе