2.1 C
Прилеп
четврток, 21 ноември, 2024
Пела Радио

И,прилепчани денеска се вклучуваат во протестите низ земјава поради покачувањето на струјата

На граѓанска иницијатива, денеска, од 18 часот, во паркот кај Ченто,  Прилепчани ќе се вклучат во заедничкиот протест, кој се организира во повеќе градови во Македонија, против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за поскапување на струјата за 7.4 отсто.

На фејсбук страницата насловена „ Протестот продолжува“ односно „Прилеп Протестира! Против покачувањето на цената на струјата!“ поддржувачи на протeстот „Сакаме чист Чаир„, „Социјалистичка зора“, „Конфeдeрацијата на синдикални организации (КСОМ)“, Fridays for Futurе и МО Црвeни бараат масовна поддршка на населението со цел на не се дозволи да им помине поскапувањето на струјата!

БАРАЊАТА СЕ:

1. Итно поништување на последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на електричната енергија.
2. Владата да ја распушти Регулаторната комисија за енергетика, тело што им служи на интересите на деловните групи и корпорации на грбот на граѓаните.
3. Формирање независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.
4. Владата да ги врати приватните компании за дистрибуција на електрична енергија под државна администрација.
5. Намалување на цената на електричната енергија за 46 % (отстранување на 33 % од цената за ангажираната моќност која до пред неколку години во сметката за електрична енергија беше посебна компонента и потоа вклучена во општата цена, а попустот ДДВ од 18 % на 5 %).

6. Владата итно да го раскине неславниот договор со ЕВН, приватниот дистрибутер на електрична енергија во РСМ, кој со години го злоупотребуваше монополот даден од Владата.
7. Простување на сите камати од сметките на ЕВН што граѓаните до сега не ги платиле бидејќи сметаме дека високите сметки генерирани од ЕВН се главната причина за нивно неплаќање на време. Со оглед на високата цена на електричната енергија со порастот на цената за повеќе од 230 % во последните 14 години, сметаме дека граѓаните плаќале и камата и камата над камата со плаќање на тие сметки. Затоа камата за тие астрономски сметки ја сметаме за незаконска и законски грабеж.

Минатата недела покрај протестот кој се одржа во Скопје, беа организирани протести и во неколку други градови, во Гостивар, Тетово, Куманово и Дебар.

 

Би можело да ве интересира

Николоски: на Пендаровски ќе му помогнеме да се исели од Македонија, но прво да одговара за злоделата

Пела Редакција

Ќе имаат ли Прилепчани повисоки сметки за вода идниот месец?!

Елизабета Филипоска

Општина Прилеп со сет економски мерки за помош на малостопанственици

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе