0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Јакимовска: Во Комфи Ангел ЧОВЕКОТ ни е најголемиот капитал!

 

Менаџментот и Комфи Ангел продолжува да го подобрува животниот стандард на вработените .

„Покачување на висината на платите овој месец можеби е минимална за некој , но на ниво на компанија тоа е голем чекор, каде што потврдуваме дека во реализација на филозофијата на компанијата „Градиме компанија која ќе постои после нас“,  главниот фокус го ставаме на единката – човек и градиме подобар животен стандард за сите нас, за подобро утре!“-  нагласи Ирена Јакимовска на месечната средба со своите вработени.

Во тој контекст ,таа истакна дека 13 -та плата им е исплатена на  седмата група од 16 вработени, а пак К15 на првата група од 127 работници, што е успех за компанијата.

                    

Договор со Црвениот крст за донација за солидарност со социјално загрозените семејства

 „ Ние сме во добра позиција! Ние „да“ земаме редовна плата, а ние не ја намаливме платата, „да“ примаме и нови работници, „да“ ние ги зголемуваме платите, меѓутоа,  во ова општество не сме само ние.  До нас, живее нашиот сосед, пријател,  роднина и треба, колку можеме, во вакво време да покажеме поголема солидарност и да  помогнеме на оној на кого помошта му е потребна. А, ние истовремено да бидеме благодарни, за она што се наоѓаме во поповолна позиција, за разлика од другите.“ – посочи Јакимовска.

Комфи  Ангел склучува договор за нова донација со Црвениот Крст на РМ со цел да биде искористена за ранливите категории граѓани, оние кои се социјално загрозени, кои останале без работа, чија помош им е неопходна за овој период. Идејата, за донацијата е од моментот кога компанијата започна да произведува заштитни маски. А, донацијата доаѓа како дел од средствата од продажба на маските, со единствена цел да се подигне свеста за солидарност и помош на оние на кои им е неопходна.

Чекор пред другите ! Формирано психолошко советувалиште за квалитетно ментално здравје на единката

Ставајќи го во фокусот на компанијата – човекот, работникот, кој во ова време на пандемија и нови правила на живеење, поразлични од минатото време, создаваат ментални тешкотии кај единката, Комфи Ангел, чекор пред другите компании, одлучи да формира психолошко советувалиште,  кое што е  неопходно во ова време на социјална дистанца и пандемија за квалитетно ментално здравје на единката.  Советовалиштето ќе им биде достапно на сите вработени секој работен ден, а секој вработен ќе  го има телефонскиот број од психолозите ангажирани од компанијата, доколку имаат потреба од стручна помош за сите проблеми: депресија, семејно насилство, финансиски проблеми, семејни, проблеми поврзани со природата на работењето, со околината… со единствена цел добра ментална здравствена состојба, неопходна во ова време за квалитетно живеење.

Се најдуваме во временски период, еве неколку месеци, каде живееме во ново време, неспоредливо, со она, во кое што живеевме претходно. И, затоа треба да го почитуваме овој момент и да останеме здрави. Менталното здравје на нашиот човек, на нашиот вработен  е клучно и основа за неговото физичко здравје и  за неговата работоспособност.“-  рече менаџерот на Комфи Ангел, Ирена  Јакимоска на заедничката редовна средба со вработените.

Солидарниот фонд кај Маја и Зоран

Компанијата одлучи овој пат, со дел од солидарниот фонд да и’ помогне на Маја, за лекување на член од семејството. А, од стандардната лотарија, парите ги доби нововработениот Зоран Николоски, кој ни раскажа дека е вработен во компанијата само два месеци и е среќен што токму нему „среќата му се насмеала „Тоа е добар знак“-  вели тој низ шега .

„35 години работев во друга компанија. Сега сум дел од вработените на Комфи Ангел. Ако се чувствува човек работоспособен секогаш треба да дава свој придонес во заедницата, без оглед на годините. Предноста кај нас возрасните, нововработени во компанијата, е знаењето, искуството и дисциплината„- рече Николоски

Би можело да ве интересира

Втора регионална работилница во Битола за консолидација на земјиште

Гордана Цветаноска

Прилепски „Гентерм“ времено под клуч

Општина Прилеп ќе ја интензивира соработката со БиХ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе