16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

„Гентерм“ го проширува производството – вложува нови 30 милиони евра и ќе вработи 300 лица

Американската компанија, станционирана во  ТИРЗ „ПРИЛЕП“ , “Гентерм“ , најавува проширување на своето производство. Компанијата  „Гентерм“ планира вложување на нови 30 милиони евра и вработување на 300 лица.

Aмериканската компанија „Гентерм“ која веќе активно работи во ТИРЗ „Прилеп“, со новата инвестиција од 30 милиони евра планира сериозно да го зголеми извозот од својата фабрика во Македонија. Станува збор за светски лидер на пазарот во иновативни технологии за термичко управување и пневматска удобност за автомобилската индустрија, кој во новиот погон планира да отвори 300 нови работни места.

Со новото производство, премиерот Христијан Мицкоски очекува Македонија да стане регионален хаб на „Гентерм“ за Европа.

На новата инвестиција работевме заедно премиерот Мицкоски и со министерот Муцунски со цел да го убедиме менаџментот на „Гентерм“ да продолжи со инвестирањето во Македонија. Ова е една од тие најавувани инвестиции во Македонија – при ова прилика изјави Директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски 

Би можело да ве интересира

В сабота, последен ден за обезбедување на бел картон за тутунопроизводство

Новинарите и еколошките активисти едногласни против злупотребата на рудното богатство

Пела Редакција

(Видео) Откупот на тутунот се одвива по предвидената динамика по просечна цена од 419, 6 денари за килограм

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе