3.1 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Августовската пензија во септември, за пензионерите кои нема да извадат сметка во други банки

Пензионерите кои досега ги користеа услугите на Еуростандард Банка АД и кои до 25 август нема да успеат да отворат трансакциски сметки во другите банки,  августовските пензии ќе им бидат префрлени подоцна во септември. Овие граѓани ќе можат да ги добијат августовските пензии на 7 септември, 14 септември и 25 септември.

Владата на вчерашната седница го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и им препорача на деловните банки да обезбедат други дополнителни редовни исплати за корисниците на пензии кои се префрлени од Еуростандард Банка АД Скопје во другите деловни банки.

Инаку,редовната исплата на пензиите ќе се врши во четири етапи  во среда, на 26.08.2020 год. ќе се исплајќаат пензии со висина до 11.000 денари; во четврток, на 27.08.2020 год., исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари; во понеделник, на 31.08.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари; во вторник, на 01.09.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
 Извор:https://sdk.mk/

Би можело да ве интересира

Витаминка една од редовните изложувачи на големиот саем за храна и пијалаци Интерфуд & Дринк

Гордана Цветаноска

Еден пожарникар повреден во гаснењето на пожарот на старата градска библиотека (ФОТО)

Гордана Цветаноска

Започна вакцинацијата на лица над 77- За Прилеп 900 вакцини

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе