Љубителите на џезот идниот викенед во Прилеп,три дена, 27, 28 и 29 август 2020г. ќе можат да уживаат во звуците на џезот. Фестивалот ќе се одржи на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ и ова ќе биде негово деветто издание.
(27.08 2020) Prilep Jazz Weekend фестивалот ќе започне со премиерата на филмот “JAZZMAN – The form as a verb” од Велибор Педевски кој е документарна сторија за живот посветен на уметноста на џезот,а потоа ќе следат прилепскитот музички состав: Трајче Велков (труба), Зоран Костадиновски (гитара), Горан Гешовски (бас гитара), Виктор Филиповски (тапани) овојпат со авторски материјал обединети во бендот SkopjeJazzInc.
(28.08 2020) Втората вечер ќе ја отвори квартетот на Оливер Јосифовски со што прилпската публика премиерно ќе го проследи проектот FUSSION DEFFUSION CONFFUSION ,кој содржи оригинални композиции и музички стандарди од егзотичен карактер, измешани со тврд hard rock звук. Покрај Оливер Јосифовски (контрабас), на сцената ќе се појават и Гордан Спасовски (клавишни инструменти), Стефан Миладинов (гитари) и Александар Ванчовски (тапани и удиралки)
Светлост на фестивалот ќе направи најактуелниот македонски џез состав на домашната и на меѓународната сцена,бендот кој во 2019г го издде албумот „Odron Ritual Orchestra“ и кој на светските листи е сместен меѓу петнаесетте најдобри албуми а во 2020г ги реализираа албумите „Jazz (to the working class)“ и „Six Years“. Карактеристика за музиката на овај состав Нинослав Спировски [кларинет / сопран саксофон / тенор саксофон], Кристијан Новковски [тапани / удиралки), Дени Омерагиќ [бас гитара / синтесајзер / електроника] , е тоа што музиката се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретниот проект, а стилските правци се движат од слободен џез, електро-акустична музика и пост-рок, до минимализам и амбиентална музика.
( 29.08 2020)Третата вечер од Prilep Jazz Weekend фестивалот ќе стартува со на промоција на книгата Press&Play од Ненад Георгиевски која е составена од рецензии на албуми, на концерти и фестивалски настапи на изведувачи како: Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин, Ади Имери, Гоце Стефковски, Џон Аплелгрeн, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“, „Скопскиот џез фестивал“, „Офф-фест“ итн.
А, членови на Next to Silence се: Александар Николовски (труба)Филип Димишковски (клавијатури)Драган Стојковски (бас-гитара) Гоце Наумов (барабани) ќе бидат следен музички состав кој во својот репертоар вклучува исклучиво композиции од реномираната европска издавачка куќа ECM. Во своите настапи тие изведуваат неколку реаранжирани дела од богатиот опус на Enrico Rava, Carla Bley, John Abercrombie, Dave Holland, Terje Rypdal, Shankar, Jan Garbarek, Jim Pepper, Gary Burton, Art Ensemble of Chicago, Bill Frisell, Jon Balke, Tomasz Stanko, Nils Petter Molvaer и други. На фестивалот ќе изведат и дел од композициите на новиот албум кој е во фаза на студиско снимање.
Фестивалот ќе го затворат диско пост- панк активистите Бернајс Пропаганда кои дефинитивно се еден од најуспешните и меѓународно признати андерграунд музичари.Во Прилеп ќе настапат со следната постава : Кристина Горовска – Вокали, текстови, вокални хармонии, уметничка насока и дизајн,Васко Атанасоски – Музика, стихови, бас, гитари, перкусии, аранжмани, продукција, вокал и менаџмент,Дени Крстев – синтисајзер, ритам програмирање, снимање, едитирање и мастеринг,Раде Јордановски – бас и продукциски менаџер ,Кристијан Лафазановски – тапани и перкусии
Оваа година Prilep Jazz Weekend фестивалот може да се пофали и со квалитетна OFF програма:
На 28 Август 2020г на локалитетот Врбјанска чука (кај село Славеј) свој перформанс ќе има Antonie AVP Project, а на 29 Август 2020г на летната сцена од ЦК Марко Цепенков ќе го проследиме перформансот на Leonard.
Prilep Jazz Weekend фестивалот е во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ кој го организира по деветти пат.