7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Советот на Општина Прилеп доби нов Претседател

На својата 46 седница, Советот на Општина Прилеп ја назначи Еленче Ташкоска, советник од редовите на СДСМ за нов претседател . Одлуката доаѓа по престанокот на мандатот на Миле Талевски, член на советот и воедно негов досегашен претседател, кој што од неодамна е дел од новиот законодавен состав. Воедно, од истата причина, му престана мандатот и на Петар Ристески, инаку досегашен координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.
На нивните места, за нови советници, од денеска се назначени Александар Чапкуноски според распоредот на листата на СДСМ, и Кирил Ѓорѓиоски од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Новиот претседател Еленче Ташкоска, се заблагодари на доверба и истакна дека и во иднина советот ќе работи со истата динамика, чесно, совесно и демократично во интерес на граѓаните на општината.
На седницата свое обраќање имаше и градоначалникот Илија Јованоски, кој што им го честиташе изборот на новите пратеници, со надеж дека ќе работат во интерес на граѓаните на општина Прилеп, како и на новоизбраните советници.
Денешната седница содржи обемен дневен ред со 51 точка на дневниот ред, на која советниците го изгласаа кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за вториот квартал од годинава. Најголемиот дел од предлог одлуките се однесуваат на годишните планови за вработување во основните и средни училишта, како и тримесечни извештаи од работењето на комуналните претпријатија.

Би можело да ве интересира

Во тешка сообраќајка кај Прилеп загина возач

Гордана Цветаноска

Хрватите незадоволни од ликот на споменикот на Тоше Проески

Елизабета Филипоска

Од март зголемување на минималната плата и во приватниот и во јавниот сектор

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе