16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Градоначалникот свикува итна седница поради зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 , денеска 15 нови случаи

Прилеп денеска (вторник 25-ти август) има 15 нови случаи на коронавирус, информираат од Центарот за јавно здравје -Прилеп . Оваа бројка ги загрижи надлежните ,па поради зголемувањето на  бројот на заболени од Ковид-19 во општина Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски за утре, среда 26 август, свикува седница на Општинскиот кризен штаб, со цел да се откријат причините за ваквото зголемување од КОВИД 19 ,  бидејќи Прилеп повторно се качува на врвот на листата  на заболени лица во Македонија .

Инаку ,бројот на активни случаи изнесува 77,  од кои 63 се наоѓаат на домашно, а 14 на болничко лекување/ Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 173 лица,а вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата се зголеми на  414.

 

Би можело да ве интересира

Витаминка започна со детски караван за општествени вредности и едукација

Прилепчанец доби кривична пријава поради „злоупотреба на лични податоци“…

Пела Редакција

IN MEMORIAM – „Замина“ големата спортска прилепска ракометна легенда, Стеван Николоски -Селото

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе