9.1 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Протести на вработените од Еурокомпозит – едночасовна блокада на патот Прилеп – Градско

Сообраќајот на патот Прилеп – Градско кај месноста Заполшки мост денеска од 11 часот во траење од 1 час беше целосно блокиран поради протестите од вработените на Еурокомпозит 11 Октомври со што се создаде колона од возила долга неколку километри. Вработените веќе четврт ден штрајкуваат, а ќе продолжат со протести  до исполнување на нивните барања.

– Работниците бараат исполнување на ветеното од актуелната Влада за сукцесивна исплата на заостанатите плати и подмирување на придонесите. Крајното решение не е стечај зашто на таков начин сите ќе изгубат, вели Лазар Ангелески од СИЕР, Сојуз на синдикатите на Македонија.

Роберт Богданоски – претседател на синдикалната организација на Еурокомпозит за утре повторно најавува протестен марш од фабриката до општинската зграда во Прилеп, а наредниве денови ќе се организираат протести и пред Владата во Скопје.

Еурокомпозит 11 Октомври е фирма во целосно државна сопственост во која работат 260 лица. Компанијата повеќе децении се наоѓа во финансиска агонија и нерешен социјален статус на вработените кои немаат подмирени придонеси кон фондот за пензиско осигурување од 2012 година, и неисплатени плати за последните 10 години.

 

Би можело да ве интересира

Увоз на работна сила бараат пелагониските стопанственици

Елизабета Филипоска

Водата од јавните чешми во 7 села и од две крајпатни чешми не е исправна

Гордана Цветаноска

Каква е состојбата со Вештачкото езеро Прилеп?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе