23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Поради свлечиште во прекин сообраќајот меѓу селата Стровија и Гостиражни, долненско

Повеќе од 200 туристи, пензионери од Прилеп биле заглавени во селото Стровија, долненско, откако денеска се срушил мостот на патот во близина на селото Гостиражни. Неколку автобуси што ги превезувале луѓето кон манастирот ,,Св.Недела” во Стровија, претпладнето не можеле да се вратат за Прилеп поради свлечиште на асфалтот и рушење на мостот.

Како што информираа од Центарот за управување со кризи локалниот пат с.Црнилиште – с.Стровија, бил однесен  дел од патот, пред селото Стровија како последица од врнежите, со што е оневозможено одвивање на
сообрајќајот, поради што биле известени Локалната самоуправа Долнени. Општина Долнени испратила механизација за санација на свлечиштето. За случајот била информирана и полицијата.

– Околу 10 часот утрово добивме пријава за паднатиот мост и нашите тимови веднаш излегоа на терен. Сообраќајот помеѓу селата Гостиражни и Стровија е во прекин, но мостот може да се премине пеш – информираа од МВР.

Попладнево, посетителите – пензионери,  безбедно се вратиле во Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

Врачени наградите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: Во време на општото сеедно, треба да сте храбри за да ја остварите вашата визија

Танцот на облаците над Крушево (ГАЛЕРИЈА)

Спас на дете во бунар – симулативна вежба на прилепските пожарникари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе