-0.9 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Хуман гест! Средствата од билетите за компјутер за Стефани

Би рекле, „Од деца за деца“ така, заврши второто изадани на театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот„,  организиран за децата и преточен во хуман гест ,за деца.

Имено, со средствата од продажбата на билетите од фестивалот, организаторите Здружението „ Прилепски Мал Театар , кој овој пат паради пандемијата мораа да го организраат деттскиот театар со редуциран број на престави  и  публика, одлучја да набават компјутер и да му го подарат на дете, кому му е компутерот најнеопходен.  

Изборот падна на Стефани Стојческа, девојче болно од церебрална парализа, а подарокот и беше доделен во Дневниот центар за деца со церебрална парализа – Прилеп, кој поради пандемијата е кратко отворен само за оваа цел.

„ Доделивме компјутер, кој е купен со Ваша помош,  Од сите Вас, од Вашите билети. Сега Стефани ќе може да ја следи наставата без проблем оваа година. Ви благодариме за помошта“- искрено изјавија организаторите на  Театарскиот фестивал за деца и им се заблагодарија на сите деца кои минатиов викенд го следеа театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот„и дадоа свој придонес во целата оваа акција.  

Инаку, викендов на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, на отворено (11, 12 и 13 септември) се одржа театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“, во поинакви услови, но со единствена идеа да не се прекини неговото постоење. Со голем ентузијазам, желба и огромна организација, пред се почитувајќи ги  сите мерки за заштита од коронавирусот, Здружението „ Прилепски Мал Театар„ ,направи напори да се одржи второто издание на театарското фестивалче за деца, кое има едукативна нишка –  да ги научи децата да го сакаат театарот и театарските преставии да ја почитуваат културата.  

Во трите фестивалски денови, најмладата публика имаше можност да уживаше во претставите „Кралица на музиката“, „Алиса во земјата на чудата“ и „Дружината на Лајко Сезнајко“, но и во многу други изненадување кои го напрвија фестивалот да остане убав спомен за кој ќе се раскажува.

Би можело да ве интересира

Денеска е Света Марина – Огнена Марија

Гордана Цветаноска

Спас за Прилеп и Сина Револуција во акција за пошумување кај Прилепец

Гордана Цветаноска

„ПРИЛЕПСКИ МЕЧКАРИ„ ГИ НАГРАДИЈА ЗА НЕГУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА, А ТИЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА И „ТРИМИР„ ЖЕНСКИ ПРАЗНИК, ПРАЗНИК НА АРМАСАНИТЕ ДЕВОЈКИ, АДЕТ ВЕКОВЕН ВО ПРИЛЕП!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе