0.6 C
Прилеп
петок, 22 ноември, 2024
Пела Радио

Прилепчанец загина откако излета од својот мотор

Мотоциклист почина синоќа на регионалниот пат с.Витолиште – Прилеп. Синоќа ( 19.09.2020) околу 19.40 часот на регионален пат с.Витолиште – Прилеп, моторцикл „ктм“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Наумоски (47) од Прилеп, излетал од коловозот.

-Од здобиените повреди Д.Н. починал на местото на незгодата. Смрт  констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Приле – информира МВР.

Инаку, вчера мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи, на подрачјето на ОВР Прилеп, во периодот од 17 до 23 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во соообраќајот .

Санкционирани се 123 возачи,од ко 21 моторциклисти ,кај кои се констатирани низа прекршоци, меѓу кои 6 поради управување без положен испит, 3 поради тоа што не биле регистрирани возилата,возење под дејство на алкохол….

Би можело да ве интересира

Малолетникот го признал делото од синоќешното убиството во центарот на Прилеп

Пела Редакција

Сообраќајна несреќа кај с.Мажучиште на патот Прилеп-Македонски Брод

Елизабета Филипоска

Само за 6 часа изречени 80 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе