11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Дуалното стручно образование продолжува во СОУ „Ристе Ристески Ричко“ Прилеп, но учениците иднината ја гледаат во странство

Втора година по ред во СОУ „Ристе Ристески Ричко“Прилеп се спроведува проектот за дуално стручно образование, во организација на Делегацијата на германското стопанство. Во новата учебна година вклучени се вкупно 11 ученици од струките Техничар за индустриска мехатроника  и Техничар за производно машинство.Практичната обука се одвива во партнер-компаниите GENTHERM, WIK и ПИ„Витаминка“, Прилеп.

Целта е со овој начин да се обезбедат дефицитарни кадри на пазарот на трудот, кои што, по завршување на образовниот процес веднаш ќе бидат работно ангажирани во компаниите каде посетуваат обука.

-Иницијативата за дуално стручно образование доаѓа токму од самите компании. Нашата задача во овој процес е да ја насочиме таа соработка меѓу компаниите, училиштата како дел од јавниот сектор и ресорното министерство и истото образование да биде признато на ниво на држава.Компаниите многу инвестираа во дуалното стручно образование и во работна сила, персонал, и во нивни интерес е да им понудат добри услови на работа на кандидатите со цел да ги задржат на работа кои кај нив се обучувале, рече Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.

Дуалното стручно образование се спроведува во 7 стручни училишта во Македонија. Во Прилеп, споредбено со лани запишални се 6 ученици помалку.

Годинава бевме ограничени во насоката за техничар за производно машинство само на 5 ученика. Запишавме 4 ученици, но за жал семејството се отсели во Германија. А во класот за индустриска мехатроника имавме 9, но една ученичка си ги повлече документите затоа што е од друг град,  и заради пандемијата родителите одлучија образованието да го продолжи во својот град, рече Билјана Трајкоска, директор на СОУ „Ристе Ристески Ричко“Прилеп.

За младите условите за работа, и вреднувањето на трудот се пресудни, па така својата иднина ја гледаат во странство, а не во Македонија.

„Се запишав на смерот техничар за индустриска мехатроника, за да научам нови работи и сакам да се надоградувам стручно. Се гледам себеси во Германија, и со оваа диплома мислам да се вработам таму, бидејќи условите се подобри и за  образование и за работа, речеМарио Бошески, ученик во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“ – Прилеп.

Во име на Делегацијата на германското стопанство на учениците им беа доделени ученички ранци со училишен прибор.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Конечно, заврна дожд

Елизабета Филипоска

Пачешкоски: градоначалникот Јовчески има НУЛА реализирани проекти

Пела Редакција

Комуналец чисти дива депонија за изградба на детски парк, се тампонираат улици…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе