7.5 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

Едно лице убиено при масовна тепачка во населбата Тризла

На 14.10.2020 во 20.38 часот во СВР Битола било пријавено дека во населба „Тризла“ во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека настанала физичка пресметка помеѓу две групи и со повреди нанесени од остар предмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, констатирани во Општа болница – Прилеп, додека едно лице не давало знаци на живот.

Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт кај лицето Т.Б.(42) од Прилеп. По наредба на Јавен Обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција. Во врска со настанот во полициска станица биле приведени М.Л.(39), Џ.Л.(54), С.А.(23), М.А.(25), Ш.А.(35) и С.К.(20), сите од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

При интервенцијата, полициски службеник пукал двапати во воздух да ги спречи лицата во понатамошната пресметка.   

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа на влезот во Прилеп – патот меѓу Прилеп и Битола е целосно во прекин

Пела Редакција

Тешко повреден велосипедист по судир со патничко возило

Пела Редакција

Застрелан прилепски ловџија при лов во мариовско

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе