16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Наставничка инфицирана со коронавирус – 20 ученици од второ одделение ставени во изолација

Наставничка е инфицирана со коронавирус во едно од основните училишта во Општина Прилеп. Со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, постапено е согласно протоколите за работа во основните училишта, па наставничката и 20 ученици од второ одделение, од прилепското основно училиште, ставени се во самоизолација во траење од 14 денови.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска (четврток,15-ти октомври) во општина Прилеп има 25 нови случаи на коронавирус, а 14 лица оздравеле од заразната болест. Бројот на активни случаи изнесува 191, од кои 155 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 420 лица;

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 864.  

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Потребен е Групен дом со 24-часовна поддршка за лицата со попреченост во Прилеп

Исплата на анти ковид пакетот за тутунарите

Нема да се гради сообрајќаен кружен тек кај Табана- ќе има нова градинка за деца од предшколска возраст

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе