7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Предлог од публиката за 13-от Величествен

Во анкетата која преку посебна апликација се одвиваше од 2-ри до 20-ти октомври победник со најголем број гласови или 31, 5 % е предлогот –  Хуманитарна организација Leo Club, деца активисти, иницијатори на хуманитарни настани за помош со донации на деца.

Второто место според онлајн анкетата го има  Благица Мицеска, активистка, хуманистка, модератор на популарната фејсбук група „Прилепчанки на кафе муабети“ со 26,5 % од гласовите.

Третото место му припадна на ЏК Сеишин, шампиони во натпреварувачката 2019 та год со 21,5 % од пристигнатите гласови преку интернет.

Останатите 6 предлози ги делат 20,5 % од вкупниот број на пристигнати гласови и тоа:

–  Нина Спирова, постхумно за музички трајни вредности;

Рубинчо Аризанкоски, граѓански сектор, активист за унапредување на работнички и социјални права;

–  Александар Мариноски, бизнисмен, донатор, поддржувач на ракометот;

Женска екипа на Боречкиот клуб 7 ми Мај – Прилеп,освојувач на Куп на Македонија 2020 и севкупен победник во женска конкуренција;

–   Георги Сталев Поповски, преведувач, писател, поет, драмски автор;

Благоја Корубин, постхумно за трајни национални вредности, првоборец, филолог, преведувач, истражувач, научен советник.

За 9 те предлози пристигнаа вкупно 7,453 гласови од 20 земји. Најголемиот дел од публиката гласала од Македонија и тоа 6,630 учесници. Интересно е што во анкетата се вклучиле и од други 19 земји, од кои најмногу од Европа: Германија со 503 гласови, Австрија 51 глас, Англија 28, Хрватска 25 и други, а редовно не’ следат и од Австралија од каде гласале 30 учесници, како и од САД 39 гласачи.

На крајот интересен е податокот што најголемиот дел од оние кои доброволно се вклучиле во анкетата и го дале својот глас за еден од 9 те предлози според местото живеење, не се од Прилеп ?!

Дури 90 отсто според прецизните податоци од апликацијата се токму од градот Скопје, а само 7,3 % од Прилеп, а останатите 2,8 % отпаѓаат на останатите градови и општини во Македонија.

Најголемиот дел од учесниците гласале преку телефон или таблет.

 Предлозите за АНКЕТАТА со која го баравме 13 тиот Величествен, од 2 октомври , требааше да пристигна до 15 ти октомври. Додека пак, гласањето се одвиваше паралелно, со веќе пристигнатите и новите предлози до понеделникот, 20 ти октомври.

За време на гласањето, за жал социјалната мрежа не дозволи пуликата да ја следи анкетата (при што беа прикажани само гласовите од првиот ден). Меѓутоа, секојдневно, детално, резултатите од гласачката публика доаѓаа на меил, за последниот ден , 20 октомвир,резултатите да бидат целосно видливи. Анкетата траеше 19 ден.

Екипата на Радио Пела ви се заблагодарува за покажаниот интерес, за довербата и учеството во предлозите и гласањето.

До 24 ти октомври редакцијата на Пела на www.radiopela.mk ќе ги објави сите свои 12 предлози, вклучително и 13 тиот ВАШИОТ ПРЕДЛОГ – Хуманитарна организација Leo Club, деца активисти, иницијатори на хуманитарни настани за помош со донации на деца.

Најчитаните, според прегледите на порталот www.radiopela.mk  ќе бидат и официјални предлози од Радио Пела до Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија на Општина Прилеп за најпрестижната награда на Општина Прилеп ,„3-ти Ноември“.

Почитувана публико, Ви благодариме за покажаниот интерес и оддвоеното време.!!!

Би можело да ве интересира

В понеделник продолжува тутунскиот откуп, протестите во мирување (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

ЛАГ Агро Лидер – одбележа 10 години успешна работа

Пела Редакција

Четворица повредени во сообраќајна несреќа кај Ропотово

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе