7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пораст на бројот на новозаразени, две лица починаа како последица од Ковид

За нов пораст од заболени со корона вирус информираат службите од Центарот за јавно здравје Прилеп. За денеска, петок, 30-ти октомври во општина Прилеп има 64 нови случаи на коронавирус. Од последици на коронавирусот, починаа две лица на 73 и 78-годишна возраст. Во последните 24 часа 17 лица оздравеле од заразната болест. Со новиот пораст, бројот на активни случаи изнесува 434, од кои 380 се наоѓаат на домашно, а 54 на болничко лекување.Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 724 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1291.Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 57 лица.  

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе