Во изминатово деноноќие регистрирани се 1085 новозаболени од Ковид-19 од 3294 тестирања, соопшти денеска Министерството за здравство .
Починати се 12 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 68 и 52г), еден од Куманово (27г), тројца од Прилеп (81, 82 и 49г), двајца пациенти од Тетово (87 и 77г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (67г) и еден пациент од Гостивар (65г). Сите се починати во болнички услови.
Од почетокот на пандемијата починале 994 лица.
Новозаразените во последното деноноќие: најмногу има во Скопје-447, Прилеп-60, Тетово-62, Струмица-80…