16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

За една седмица 19 починати и 362 новозаразени од ковид

Од Центарот за јавно здравје Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 9/15 ноември, во општина Прилеп имало 362 нови случаи на коронавирус, додека од последици на коронавирусот, починале 19 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 879, од кои 729 лица се наоѓаат на домашно лекување, 91 на болничко, а 59 се лекуваат во дневната болница, а на кислородна поддршка се наоѓаат 52 пациента.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 1.034 лица. Вкупниот број на заразени од ковид-19 во Прилеп изнесува 2.180, додека од почетокот на пандемијата од вирусот починале 98 лица.

Би можело да ве интересира

Водици 2025: Андреј во Беровци, Драганчо во Тополчани, Благојче во Големо Коњари

Витаминка меѓу водечките компании во кондиторската индустрија на саемот ISM во Келн

Одбележана 75 годишнината од смртта на прилепскиот народен херој Кузман

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе