21.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп: Пристигнаа брзите тестови за Ковид 19

Брзите тестови за Ковид 19 попладнево пристигнаа во Здравствениот дом Прилеп. Министерството за здравство за Прилеп оддвои 250 тестови за брза проверка на присуство на корона вирус преку брис, при што вкупното време за тестирање изнесува 20 минути.

-Ние сме подготвени за работа со овие брзи тестови, екипата ја помина обуката минатата недела, единствено се чека ресорното министерство да овозможи преку системот „Мој термин“ матичните лекари да започнат со закажување на термини за пациентите, вели д-р Оливера Аџиоска, дир. на Здравствен дом Прилеп.

Според насоките, на секои 5 минути, доколку постои индикација и услов за тестирање , матичните ќе закажуваат термини. Обучените лаборанти ќе ги прават тестовите секој ден во терминот од 8 до 12 часот. Брзите тестови за Ковид 19 ќе се реализираат во делот со посебен влез – десно од главниот влез на Здравствениот дом, каде што е сместен АТД.

Со брзите, антигенски  тестови ќе се овозможи интензивирање на проверката за евентуално присуство на корона вирусот, но не и на антитела.  

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Сојузот на тутунски здруженија во акција за помош на семејството Керимоски чиј што труд изгоре во пламенот

Воведена делумна забрана за движење во шуми, за непочитување казните се од 1 500 до 2 000 евра

Прилепската болница го зголемува својот специјалистички тим

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе