7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Напорен период, но совладан! Комфи Ангел подготвени за нови работни предизвици во наредната, 2021

Нова стратегија, нови правила, нов начин на комуникација, навики и однесување, создаде здравствената криза која за момент се обиде да го „разниша“ економскиот опстанок. Но, со навременото преструктуирање на дел од производството се создаде можност компанијата Комфи Ангел да покаже, не само опстанок, туку и сигурност и позитивни резултати во година што изминува окарактеризирана како „економски напорна година“ .

Компанијата не дозволи намалување на бројот на вработените, го подигна степенот на здравствената сигурност и грижата за работниците, но создаде можност и за освојување нови пазари, со нови производи, при тоа, не заборавајќи на новонастанатата состојба и потребата од грижа за здравјето на сите.

Во тој контекст, компанијата Комфи Ангел продолжува да партиципира, како  кадровски, така и финансиски, во надминување на здравствена криза. Моментално 60 работници од компанијата се во изолација. Но, нивното недоаѓање на работа, финансиски е покриено од страна на компанијата. „А, останатите работници работат напорно во надминување на нивното неприсуство,  што искрено треба да им се заблагодариме за пожртвуваноста и одговорноста“  –  истакна на месечниот онлајн состанок со вработените,  менаџерот на компанијата, Ирена Јакимовска.

Целта на компанијата е до крајот на годината да ги заврши обврските кон купците, но и да ја задржи довербата кај нив во наредната 2021 год.

“Ние треба да покажеме и докажеме дека сме организирана компанија која е одговорна и на која можат да и’ веруваат како постојан добавувач кој им дава и им нуди квалитет. Во идната, 2021 год., можеби нема да имаме вакви капацитети. Затоа, денес, сите заедно треба свесно и одговорно да партиципираме и да се вложиме максимално, со нашите знаења, труд и енергија во надминување на овие новонастанати предизвици и да го задржеме нашиот бренд на одговорна компанија која нуди квалитет и нови практики и идеи.  Да останеме и да се бориме за ефикасна реализација на постоечките и посакуваните цели! Менаџментот на компанијата им благодари на сите оние кои помогнаа да се надополнат изгубените кадровски капацитети, а компанијата, верувајте ми, тоа нема да го заборави, никогаш! “–  посочи Јакмовска, на последениот месечен состанок од оваа година, потенцирајќи при тоа, дека годинава што останува зад нас, беше еден напорен период за сите во компанијата.

Со цел да се обноват силите, психички и физички, за новите акциони планови кои ги подготвува Комфи Ангел за наредната година, менаџментот одлучи од 01 -ви до 10-ти јануари 2021 г., вработените да заминат на колективен одмор.

На месечната средба беше распределен и солидарниот фонд, еден од сегментите по кој компанија е препознатлива, кога е во прашање грижата за вработените. Па, дел од средствата од месечниот солидарен фонд замина кај работникот, Стевка Тодороска, за помош и обнова на нејзиниот опожарен дом, а средствата од месечната лотарија и’ припаднаа на работникот, Сузана Билјароска.

Но, за успешно вклопување на сите компоненти, потребен е и посветен менаџмент, подготвен и обучен да одговори на зададените предизвици, кој во оваа новонастаната ситуација ја потврди флексибилноста и адаптабилноста како менаџерски тим, и, на кого посебно, менаџерот на компанијата, Ирена Јакимоска, им изрази крајна благодарност на средбата, пред се, поради  грижа на менаџментот за секој вработен во компанијата, како и за доследно почитување и следење на мотото на компанијата „Градиме компанија која ќе постои и после нас!„

Би можело да ве интересира

Поскапува горивото од полноќ

(ВИДЕО)Како да се заштитат земјоделските насади од температурните шокови и високиот УВ индекс?

Гордана Цветаноска

Штрајкот на Еурокомпозит продолжува!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе