Со мал измени, поради новонастанатата здравствен криза, по 12ти пат, со поддршка на верниците и сите добронамерниципо, ќе се одржи хуманитарната акција за помош на бедните и сиромашни сограѓани во нашиот град, која изминатите години се одржуваше, главно, на денот на патронот празник на Прилеп, „СВ, Никоал“ во организација на хуманитарна организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“ при храмот „Св.Благовештение“ – Прилеп.
Но, годинава, поради ковид кризата, хуманитарнта акцијата “Божик 2021“ нема да се одвива само на 19.12.2020 г., односно само на празникот Св.Никола, како предходните години, туку веќе таа е започната и ќе трае подолго, со единствена цел да им се даде можност на сите кои сакаат да помогнат и да донираат.
Кутиите во кои се собираат парични средства веќе се поставени во прилепските храмови и ќе останат до крајот на месец декември во црквите: Св.Благовештение, Св. Кирил и Методиј, Св. Преображение и Св. Петка – Точила. Акцијата се состои во донирање на паричен прилог според, (можности на донатрите), во посебно означените кутии во храмовите чии средствата и овој пат ќе бидат наменети за скромно, правилно и христијански да им се помогнеме на сиромашните сограѓани за и тие да ја почуствуваат празничната радост и да се зарадуваат во еден од најсветите и најрадосни празници „Рождество Христово – Божик“.
„Да се трудиме да го следиме делото на св.Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, кој секогаш тајно ги помагал сиромасите, и да го молиме да се застапува за нас и за нашиот град пред престолот Божји. Нека Господ Бог го благослови вашето добро дело! – се вели во обрајќањето на Хуманитарна организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“ при храмот „Св.Благовештение“ – Прилеп