16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Градската слава Свети Никола, ќе се одбележи скромно, во согласност со мерките за превенција од пандемијата

Оваа година ќе изостанат празнувањата и традиционалната свеченост во центарот на Прилеп по повод големиот православен празник Свети Никола, патрон заштитник на градот, а нема да се одржи ниту турнирот во мал фудбал.  

„ Ќе изостане традиционалниот светиниколски ручек во центарот на Прилеп. Заедно со домаќинот на градската слава, Тони Тарунџиоски и „Футура“, празникот ќе го одбележиме со наше присуство на литургијата во црквата „Св.Благовештение“, кршење на погачата и палење свеќи кај параклисот во центарот на градот“, истакна на денешната прес конференција градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

При тоа, тој упати апел за почитување на мерките, да изостанат големи собири и прослави по повод празникот „Свети Никола“ кое што е најчеста домашна слава или пак именден во Прилеп.

„Упатувам апел сите донесени мерки да се почитуваат и за време на претстојните новогодишни и божиќни празници, а од истите причини годинава нема да се одржи ниту традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“. Она што сакам да го соопштам, е дека по повод одбележувањето на патронот на градот, во сабота, скромно и без посебни церемонии, со почитување на сите мерки за заштита од коронавирусот, ќе го ставиме во функција комплетно рекоконструираниот булевар „Гоце Делчев“, проект кој е од исклучително значење за нашиот град“, рече градоначалникот Јованоски.

Кумството на градската слава од Тони Тарунџиоски, и трговската мрежа „Футура“ ќе се пролонгира за наредната година, кога според традицијата, би се одржале сите свечености и празнувања.

Организираните чествувања на празникот Свети Никола започнаа од 2004 тата година, од кога покрај традиционалната прослава во центарот на Прилеп, во духот на хуманоста и православието се организираа добротворни акции и спортски манифестации за помош на социјално загрозените семејства.  

Би можело да ве интересира

„Велигденски панаѓур“ в четврток во ООУ „Кире Гаврилоски“

Пела Редакција

МУЗИЧКИ ОМАЖ ЗА Д-Р АНАСТАС КОЦАРЕВ ВО ПАРИЗ

Пела Редакција

РК Прилеп изгуби од Охрид – Победа повотрно без победа во Охрид

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе