11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ЦГИ во хуманитарна акција – распределба на 111 пакети за социјално маргинализирани ромски семејства

Центарот за граѓанска иницијатива започна со расподелба на хуманитарните пакети во хигиенски средства наменети за семејства од социјален ризик. Помошта се состои во хигиенски средства, при што предност имаат припадниците на ромската националност во општина Прилеп. Иницијативата е дел од проектот  „Акции против родово базирано насилство кај Роми и други маргинализирани заедници фаза II“, проект кој што е поддржан Германска Амбасада при Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија. Активноста беше најавена при донацијата на  30 таблети на ученици во средните училишта „Орде Чопела“ и „Ѓорче Петров“ во Прилеп и на 4 ученици од основните училишта во Долнени. Како што информираше извршниот директор на ЦГИ Гоце Тодороски, семејствата кои ги добија пакетите ќе примат двократна помош до крајот на годината.

 Помошта е добредојдена за семејствата на учениците, посочи Сузана Дарковска, директор на ООУ „Добре Јованоски“ упатувајќи благодарност до  ЦГИ.

Ова е само дел од активностите кои ги презема невладината Центар за граѓанска иницијатива“за помош на граѓаните кои се погодени од COVID-19 пандемијата, бидејќи  од организацијата подготвуваат листа од потреби , со што ќе се идентификуваат заедничките проблеми и да се продолжи со помош.

Би можело да ве интересира

(ГАЛЕРИЈА)Млеко 2024“ и предизвиците на македонските сточари

Пела Редакција

Се дефинира програмата за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција на осудени лица

Гордана Цветаноска

Кои се дигиталните алатки за комуникација со лица со попреченост?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе