30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Изминатата седмица 16 починати и 292 нови ковид случаи

Од Центарот за јавно здравје во Прилеп информираат дека изминатата седмица, во периодот од 8 до 14-ти декември, во општина Прилеп имало 292 нови случаи на Ковид-19.

Од последици на коронавирусот, починале 16 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 893, а 706 лица се наоѓаат на домашно лекување, од кои 102 на болничко, а 85 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се наоѓаат 60 пациенти. Во домашна изолација и самоизолација има 1.502 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 3.675.

Од почетокот на пандемијата, од коронавирус во Прилеп починалe вкупно 167 лицa.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тутунски Комбинат подготвен за старт на откупот

Пела Редакција

Уште пет дена изборна кампања -во вторник молк – среда се бира претседател и кој ќе биде во идниот парламентарен состав

Единствено во спортски Прилеп – натпревар за врзување врвки и шнирање на патики

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе