0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Љубовта кон дизајнирање облека наградена на конкурсот ,,Јелена Крстиќ‘‘

Во СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп, со почитување на мерките за заштита од Ковид 19, беа доделени наградите, сертификатите и благодарниците на учениците – учесници реализираниот Конкурс ,,Јелена Крстиќ‘‘, на тема ,,Современа облека инспирирана од делата на познати сликари‘‘ , организиран во спомен и чест на ученичка од СОУ Ѓорче Петров, Јелена Крстиќ, која пред неколку години трагично го заврши животот.

 На натпреварот, кој се одржа онлајн , членовите на Активот по текстилство – професори во текстилно-кожарската струка и професорката по Ликовна уметност, Марта Макеска одлучија првата награда да му припадне на талентираниот ученик,  Антонио Ѓурчиноски , втората награда и ја доделија на  Симона Стомнароска, а третото место ,односно третата награда, и беше припана на  Михаела Ванчева. Ма матпреварот зедоа учество 10-тина ученици. Наградите за учениците ги обезбеди, текстилната компанија „Комфи Ангел“-Прилеп

Карактеристично за оваа година ет оа штп за прв пат се додели и Гран При наградата ,,Јелена Крстиќ‘‘. Наградата, ја доби Марија Станојовска, ученичката од завршната година на образование од текстилно – кожарската струка. Оваа награда, во вид на парични средства, ја доделуваат секогаш родителите на починатата ученичка Јелена, во чија чест се одржува овој натпревар, традиционално,  неколку години со ред.

Оваој натпревар, само потврди дека во СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ – Прилеп има талентирани ученици кои со љубов творат, креираат, прават комбинации на материјали и техники за да постигнат ефектни дела.

„Марија е креативна и талентирана ученичка која себеси се гледа како иден дизајнер. Тоа беше сон, кој за жал на Јелена не и се оствари„  – рекоа при оваа прилка родителите на Јелена и им се заблагодарија на организаторите и талентираните ученици во чии цртежи и дела,како што рекоа, ќе живее споменот на нивната ќерка.

Настанот како традиционално случување ќе продолжи и во идните години за да го поттикне и промовира уметничкиот талент на учениците, креативноста , да даде до знаење дека естетиката и дизајнот на облеката се многу важни сегменти за современиот човек и да не поврзува со Јелена чиј креативен лет трагично заврши.-истакнаа од СОУ Ѓорче Петров – Прилеп

Би можело да ве интересира

Средното образование,темел за иднината на младите

Елизабета Филипоска

Економското училиште од Прилеп преку Еразмус +размени искуства со партнерски училишта од странство за вштините со финасии

Елизабета Филипоска

„КЛИМЕНТОВЦИ“ знаат – вреди да се штеди

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе