12.8 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

За хуманa акција на млади жени, Македонки од Австралија (ФОТО)

Пред неколку недели, група, млади жени, Македонки од Австралија, предводени од прилепчанката, фотограф, уметник и филантроп, (која минатата година беше избор во “13 Величенствени“ на Радио Пела) Билјана Миленкоска Јуруковски, решија и изработија околу 120 крстови со македонски народни мотиви за хуманитарна цел.

 Малата армија жени, хуманитарки со уметничко срце, голема желба и огромен ентузијазам: Маре Макешоска, Ели Стојаноска, Ица Тутеска, Мери Ангелкоски , т.н Ане Анувче и Билјана Јуруковски создадоа прекрасни иновативни изработки, и, горди на тоа ги понудија на пазарот. Преку лицитација тие усепаа да продадоа 106 крстови со македонски мотиви и да соберат 5.600 АU $.

Средствата кои ги собраа од оваа акција ги донираа во Македонија, во Прилеп, за обезбедување пакети со храна за социјално ранливи семејства и за новогодишни пакетчиња за децата со попреченост.

Всушност, средствата се поделни за три групи граѓани: за старите и изнемоштени лица во Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ – Прилеп, за децата со посебни потреби од Дневниот центар за деца со церебрала паралза – Прилеп, како и за сиромашни семејства,  како надополнување на донацијата која ја собира секоја година  Црквата Св.Благовештени, со цел божиќната радост да ја почуствуваат семејства кои не се во можност да постават божиќна трпеза за еден од најголемите христијански празници Божик.

„Решив средствата да бидат поделени на 3 групи на луѓе во Прилеп.  Првата група новогодишни пакети за оние луѓе за кои треба сите да се грижиме и да ги посетуваме –  нашите  Бабички и Дедовци, кои живеат во  Домот за Стари лица во Прилеп.  Ги има 112 во домот и за сите ќе обезбедиме новогодишни пакети кои ќе се достават во следниве неколку дена. Втората група новогдишни пакетчиња се за 18 дечињата  кои го посетуваат центарот за деца со посебни потреби во Прилеп.А, третата група пакети  се за сирмашни фамилии чии пакети со храна ќе им бидат доставени пред Божик, преку  црквата Свето Благовештение од Прилеп„ – потенцира Билјна Јуруковски, организаторот и идејниот носител на оваа хуманитарна акција и им се заблагодари на сите хумани луѓе кои дадоа подршка и придонес во реализирање на истата.

Би можело да ве интересира

Велосипедска трка Сава Мариово тур

Пела Редакција

Почина жител од Крушево од коронавирусот

Елизабета Филипоска

Итната медицинска помош во Прилеп, се враќа на старата локација

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе