7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Македонски Бадник и Божиќ, вековна традиција и културен култ

Со Божиќ се прославува почетокот на новата ера и е еден од најголемите христијански празници. Според евенгелијата, Христос се родил во градот Витлеем во римската провниција Јудеја, каде неговите родители заминале заради планираниот попис на наслението. Според преданието, Исус се родил во пештера во близината на Витлеем, во која овчарите ги чувале своите овци.

Неговото раѓање го најавил библискиот пророк Данаил, кој предвидел дека 490 години по обновата на Храмот во Ерусалим, ќе се роди Месијата (спасителот).

Македонската Православна Црква за празнувањето…

Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден – Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости. Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го користат Грегоријанскиот календар го прославуваат на 24. декември. Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, осбоено поврзани со Бадниковата вечера.

Етимологија

Зборот Бадник доаѓа од старомакедонскиот збор – да бдееш, да бидеш буден. Таа ноќ, како што запишал Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник – будник“. И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето, будноста покрај обредниот оган во чекањето да се роди човекот Бог.

Историја

Истражувачите сметаат дека во праисторијата овој ден бил празник поврзан со враќањето на Сонцето од јужните напоредници, по зимската краткоденица. Раѓањето на новото Сонце значело и раѓање или обнова на животот. Подоцна, Христијанската црква го презела овој празник и симболично го поврзала со Христовото раѓање. На прекорот дека Христијаните започнале да го празнуваат денот на Сонцето исто како и паганите, Свети Августин одговорил: „Ние го празнуваме не како неверниците поради Сонцето, туку поради оној што го создал Сонцето“.

Обичаи

Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството, со посна но, свечена вечера и прераскажување на библиски приказни.

Во Македонија

Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, мазник со ориз, зелник, овошје, костени…, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани, или во некои места, духовите на мртвите. На Бадник во секоја куќа се меси мазник, пита или погача.Во некој места ставаа паричка, а во прпилепско тоа се прави на Василица т.н Стара Нова година. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во врска со обредните коледарски огнови е и обичајот коледица.

И денес како и во минатото и во селата и во градовите во сите краишта на Македонија помали или поголеми групи деца рано изутрината на Бадник, пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се: пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др. Една од најпеаните песни што и сега се пее во овие случаи „Коледе леде“ која се среќава и во запис на Г. Бојаџиев, обjaвена во 1893.

Би можело да ве интересира

„Мали тркала за големи промени“- на тротинети по повод Европската недела на мобилност 

Пела Редакција

Поради штрајк на ДУЦ прашање е дали учениците ќе полагаат државна матура во предвидениот рок

Гордана Цветаноска

Сликање на светци на карпи – карпа во близина на манастирот Св. Димитрија кај с. Селце

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе