11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Божиќниот ручек за сите деца одржан на поинаков начин и со аплауз до медицинските работници

Пандемијта не ги спречи Детската Амбасада за Сите Деца во Светот да ги израдуваат децата и да го го одржат традиционалниот Божикен ручек, традција која постое 15 години со ред. Но ,годинава, децта, Божиќниот ручек го доживееа на поинаков начин. Наместо собирање и заедничка прослаба на Хриството раѓање им беше испратено пакетче и оброк во домовите на над 800 деца.

Како медиумски покровители, Радио Пела, во целост го изнесува излагањето на преставниците од Детската Амбасада за Сите Деца во Светот упатено до сите деца и поддржувачи:

И во време на пандемија која му пркоси на светот, ние, со поддршка од нашите пријатели, пријателите на децата, не дозволивме Божиќните трпези на повеќе од 500 деца да останат празни. Водејќи грижа за нашите најмили, кои се иднината на овој свет, на нашата држава, поради неможноста од физичко присуство, оваа година нашите активности се насочени повторно да внесеме радост во детските срца и да ја предизвикаме таа најмила детска насмевка на малите лица, со тоа што испративме пакетче и оброк во домовите на повеќе од 800 деца, 600 пекетчиња и 200 оброци, од најзагрозените целни групи, но и за членовите на Детската Амбасада и партнерите на нашата организација.

Целта и значењето на овој настан се мотив за нашата посветеност кон единството на децата, сплотени под едно небо, без никакви разлики по верска, етничка, јазична, или било која определба на децата. Децата се само деца, и пандемијата нема да претставува пречка за нас да го посветиме вниманито на нашите најмили во празничните денови, па тоа било и на овој начин. Традицијата по 15ти пат ќе го потврди нашето посветено делување за нашите најмили, за нашата иднина – децата. Едно небо за сите деца.

Започнувајќи од 2006 година, Божиќниот Ручек се одржува веќе Јубилејни 15 години како централна манифестација што го одбележува почетокот на секоја наредна година, со Благослов на МПЦ-ОА и поддршка од Градоначалникот на Општина Прилеп. И оваа година опфативме традиционално повеќе од петстотини деца од целата територија на нашата држава. Децата кои се опфатени се од Прилеп, од Скопје, Битола, Тетово, Куманово, Крушево, Штип, Охрид, Струга и од другите градови и општини ширум државава. Можеби 800 деца нема да седнат на заедничката маса, но тие виртуелно ќе се дружат преку нашата страна на социјалната мрежа Фејсбук, каде ќе се објават фотографиите од приемот на Божиќното пакетче, односно ланч-пакетот.

Заклучно со овој Јубилеен 15-ти Божиќен ручек вкупно ќе бидат опфатени 7 деца. Тоа е голема организација која во вакви услови бараше голема посветеност, но нема поубаво чувство кога знаеш дека внесуваш радост во едно мало, а големо срце. Големи се срцата на тимот на Детската Амбасада и бројните волонтери кои се вклучија во намерата за успешна реализација на оваа активност.

Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото „Едно небо за сите деца“, а тоа значи децата да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата, и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество. Бидејќи децата се нашата иднина.

Вредностите кои се промовираат со самиот настан се:  еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децта. Тоа пак води до нашиот постулат на програмските задачи на Детската Амбасада дека сите деца се исти и еднакви во остварувањето на нивните права, односно дека ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божиќна трпеза, на ваков индиректен начин, учество имаат и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе празнуваат.

Со благослов на Јубилејниот 15 годишен Божиќниот Ручек од Неговото Високо Преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар, започнаа подготовките, и со поддршка од 500 пакетчиња од Градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Илија Јованоски, успеавме да ја постигнеме оваа бројка, незаборавајќи ја дополнително поддршката оваа година од 100 пакетчиња од д-р Ванчо Чифлиганец, од Адора инженеринг од Скопје, како и други општествено одговорни  граѓани.

Оваа година поради пандемијата на Божиќниот Ручек нема да се доделува најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ и ПЛАКЕТА ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, но тоа ќе биде направено понатаму во некоја следна активност кога тоа ќе го дозволат можностите во текот на оваа година. Оваа измината година сите аплаузи и почит, одат кај целиот медицински персонал во нашата држава.

Организацијата на овој Јубилеен 15-ти по ред Божиќен Ручек за повеќе од 600 деца успешно се реализира благодарение на тимот од Детската Амбасада, ЕЛС на Општина Прилеп, Алкалоид А.Д. од Скопје, Кромберт и Шуберт од Битола, Адора инженеринг од Скопје, Прилепска Пивара од Прилеп, Млекара А.Д. Битола од Битола, Винчини од Виница, Фан продукција Зоран од Прилеп и Карго експрес од Битола. Медиумски покровители на овој настан се: Канал 5 Телевизија, Македонската Радио Телевизија, Наша ТВ Телевизија, Тера Телевизија, Сити медиа, Радио 5 Чоки и Радио Пела, веб порталите Шеталиште, Маркукуле и Инфокомпас, на кои од името на сите деца неизмерно им се заблагодаруваме“, истакна Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на детската амабасада „За сите деца во светот“.

А, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г.Петар, кој задолжително присуствува на оваа манифестација за Божиќ, оваа година упати порака до дечињата во која се вели:

„Најмили наши, дечиња!

Денес е Божиќ, најрадосниот ден за децата, зашто Самиот Бог, Синот Божји, заради нас од небесата посакал и слегол на земјата, раѓајќи се од Пресвета Богородица, во пештера, во градот Витлеем, и бил положен во јаслите на јагнињата и овците.

Кога се родил Христос, Синот на Бога Отецот, Неговото раѓање го објавиле т.е. соопштиле Ангелите, кои ја пееле Божикната песна: „Слава на Бога во висините и на земјата мир и меѓу луѓето добра волја“.

На Неговото раѓање се радувале и пастирите. А малото дете, малото Боже (Божиќ  – Христос Синот Божји) рекол: „Јас се јавив на земјата, како дете, Син човечки, сличен на вас децата и на вас луѓето, за да се покажете и вие како синови (деца) Божји, слични на Мене во вечното Царство на Мојот Отец“.

Оваа радост, раѓањето на Синот Божји за децата, за луѓето и за целиот свет, е неизмерна, зашто празнувајќи во Црквата, и ние во неа пееме: “Христос се раѓа – прославите Го! Христос е на земјата  – пресретнете Го! Христос е на небесата – вознесе те се кон Него!

Ако Христос вам како на деца и нам како на луѓе ни се дарува како мало дете, Младенец со љубов, и ние со љубов треба да Му одговориме на Неговата љубов и да Му го принесеме нашето срце и да ја слушнеме Неговата порака и поука, и вие бидете како деца незлобиви.

Христос си играл со децата, растел како што растат децата, пораснал и станал Учител но не престанал да ги сака децата, па при една прилика на Апостолите, а тоа значи и на сите луѓе, кога зел и на повисоко место поставил едно дете рекол: „Кој нема да биде како ова дете нема да влезе во Царството Божјо“. А при друга прилика, кога Апостолите не дозволувале децата да Му се приближат на Христа, за да не Го вознемируваат, Он рекол: „Оставете ги децата да дојдат кај Мене, зашто нивно е царството Небесно“! (Мат. 19, 14).

Ние славејќи го роденденот на малиот Бог, Божиќ, според обичајот за роденденот треба да Му подариме нешто на Христос, за Неговиот роденден. Па се прашуваме што би сакал Он да Му подариме, најмили наши дечиња?! Он од нас ништо другo не бара, освен нашите срца. Он сака нашите срца да Му бидат јасли, а нашите души пештера. Ете тој е најголем подарок што треба да Му Го дадеме на Христа, сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Христос се роди!

Навистина се роди!

Ваш во малото дете, Богомладенецот Христа, постојаниот молитвеник

дедо Владика  +Петар

Би можело да ве интересира

Петти ден се трага по исчезнато лице од Крушево

Гордана Цветаноска

Хуматрна акција во православните храмови – Да ја поддржиме

Елизабета Филипоска

Викендов започнува зимското сметање на времето

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе