7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Тримир„ празник за армасаните девојки-адет на Прилепчани

Здружението на жени „Преродба“ , го одбележа „Тримири“ православен празник кој се слави на третиот ден по Прочка. 

„Тримири е женски празник.Ние во Прилеп го славиме навистина богато, го славиме со векови. Сите обичаи поврзани со овој празник сме го презеле од нашите баби ,мајки и се надеваме дека традицијата и обичаите кои ги носи овој празник ќе ги продолжат и генерациите по нас.празникот ја манифестира љубовта,бидејќи овој празник е посветен на верените девојки или младите невести. Се оди ка мајките на невестите, поканети роднини и пријатели,се носат подароци се пеат песни и порано се работело,се плетело,везело на овиој празник,бидејќи тоа е собри на жени. Денес тоа не се прави, само се ужива во заедничката средба ,со песна и во богатата посна трпеза. Младите се канат кај мајките за да бидат благословени од мајките, да имаат дечиња и да се шири фамилијата
Пораката на овој празник е љубовта, среќа на младенците кои таа година се вериле или стапиле во брак, успех во животот како и плодност. Зашто овој празник, како и што напоменав, е празник за армасаните (верените) девојки „- ни раскажа Лилјана Ѓорѓиоска , претседател на здружението на жени „Преродба“ од Прилеп.

ПЕЧНИЦА СО КОНОПНИ ЗРНА, АДЕТ НА ПРИЛЕПСКИОТ ТРИМИР

 

Карактеристично за Тримир е што трпезате е богата со посни јадења .Но,во Прилеп, покрај другите “гурманлаци”, се приготвува и таканаречената “бела пченица од конопни зрна” чиј рецепт се практикува со децении без никакви видозименувања, но и љубоморно се чува како прилепска традиција.

„Овие јадења се подготвуваат на Тримир: посно гравче, сарма посна од зелка со големина на лешник, кравјаче, погача, на трпезта треба да има овошје, голем број на благи десерти, компоти од овошје, зелници од спанаѓ, со фил од кромид и печурки, боза..Но, најважно што се нуди е пченица подготвена од конопни зрна што е прилепски адет и специјалитет за тримири, а каректиеристично е што течноста во пченицата е бела како млеко. Се подготвува така што од вечер се вари пченицата,а конопните зрна се оставаат да киснат во вода. Утрото потоа пченицата се мели. Во конопните зрна се става топла вода, се ицедува течноста да биде бела и заедно се мешаат и пченицата , и конопните зрна ,и тоа е бренд на прилепскиот тримир „ – рече Марија Михалоска,членка на здружението „Преродба„

ТРИМИР значи тридневен пост во нејадење и непиење ништо

Во целиот тримирски чин, особено се респектирани оние кои “држеле” Тримир. Бидејќи, по Прочка почнуваат Велигденските пости, адет е три дена по Прочка да не се јаде, ниту вода да се пие .Тој што тоа ќе го издржи, тоа се смета благословен во текот на целата година. А, во средата на Литургијата на предходно осветените дарови оние кои држеле Тримир се причестуваат .
Кој што „држи Тримир“ му доаѓаат канети гости и нему му се носат подароци, боза, портокали од овошје и благи посни десерти

Би можело да ве интересира

“Од векови за векови”- хуманитарен концерт на Драган и Ратко Даутоски и Андријана Јаневска во Прилеп

Пела Редакција

Среда, шести ден на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“

58 МТФ „ Војдан Чернодрински“ со 11 претстави во натпреварувачката програма

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе