7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Советот на општина Прилеп ја одржа 52 седница

Првата седница годинава, Советот на општина Прилеп ја одржа онлајн без присуство на новинари. На редовната 52 седница, како што информира прес службата на Општината, Советниците ги усвоиле извештаjот за работата на Советот за 2020 година и Програмата за работа за 2021 година. Била изгласана Одлуката за усвојување на Програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и финансискиот план за 2021 година на ЈКП ,,Водовод и канализација’’, кои што согласно финансискиот план, планираните приходи на јавното претпријатие за тековната 2021 година изнесуваат 214, а расходите 204 милиони денари.

Советот ја изгласал и Одлуката за донесување урбанистички план за вон населено место за изградба на Е2-комунална супраструктура – градби за производство на енергија термоелектроцентрала на биогас и сообраќајно регулирање на крстосница со регионален пат Р1107, м.в. Дуј Гас, КО Ново Лагово, плански период 2020-2030.

Воедно, изгласана била и Одлуката за  Предлог-Програмата за измена и дополнување на Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на територијата на општина Прилеп за 2021 година.

На денешната седница, советниците ја усвоиле и Програмата за култура за 2021 година, а  била донесена и одлука за доделување на 5м3 камени бекатон плочки на манастирот Св.Ѓорѓија.

Би можело да ве интересира

Со 7, 5 милиони денари Општина Прилеп ќе го помага спортот и здруженијата

Гордана Цветаноска

Со настап на локалниот бенд Инвиктус, вечерва завршува Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“

Елизабета Филипоска

„Прочка 2019“ – карневал на креативноста, традиција и мајтапот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе