11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Приведен 6 лица по претреси на 16 локации во Прилеп

Полицијата приведе шест лица од Припел по претреси на 16 локации, поради поврзаност со продажба на хероин, кокаин и амфетамин во градот. Приведените се на возраст помеѓу 30 и 40 години.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски соопшти дека одземени се три возила и пари, кои, според сомневањата, потекнуваат од продажба на дрогата.

Оваа истрага се спроведувала од септември минатата година, а од МВР кажаа дека се инволнирани повеќе лица, меѓу кои и полициски службеници.

„Организаторите остварувале тесни врски и со полициски службеници, врз кои влијаеле да не превземаат службени дејствија“, рече Ангеловски.

Од МВР соопштија дека истрагата продолжува со цел утврдување на кривична одговорност и на полициските службеници, како и кон другите лица за кои постојат основи на сомневање дека се инволвирани во трговија со дрога.

Прземено : https://www.slobodnaevropa.mk/a/31089429.html

Би можело да ве интересира

При судир на товарно со патничко возило, три лица повредени

Пела Редакција

Физички нападнати жени од нивните татко и сопруг

Во двор во Канатларци пронајдени 50 рачни бомби од Првата светска војна

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе