11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Дали во Прилеп се појави британската мутација на корона вирусот?!

Изминатата седмица, во периодот од први до седми февруари, во општина Прилеп имало 81 нов случај на ковид-19. Од последици на коронавирусот починале две лица. Бројот на активни случаи изнесува 151, од кои 20 лица се наоѓаат на болничко, 109 на домашно лекување, а 22 се лекуваат во дневната болница.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 165 лица. Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 4.644. Од ковид-19 починале вкупно 239 лица.

Што се однесува до состојбата со таканаречениот „британски сој“ на коронавирус, од Центарот за јавно здравје во Прилеп нагласуваат дека информацијата ќе биде проследена до јавноста во текот на следните денови, односно веднаш штом стигнат официјални податоци од МАНУ и Институтот за јавно здравје. 

Според податоците на лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ во периодот од 1 јануари до 7 февруари, 2021 е утврдено присуство на СарсКов2 вирусот од Велика Британија кај 45 примероци на брисеви од заразени лица.

Би можело да ве интересира

Не’ донесоа на рaбот на животот – пензионерските протести продолжуваат

Гордана Цветаноска

Јанески: ЈКП Водовод и Канализација Прилеп води успешна битка за справување со кризата за вода

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Автобуската станица Прилеп започна превоз на патници со електрични мини буси

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе